• сабота, 28 декември 2024

Напаѓачот на потпретседателката на Аргентина е Бразилец со нацистичка тетоважа

Напаѓачот на потпретседателката на Аргентина е Бразилец со нацистичка тетоважа
Буенос Аирес, 2 септември 2022 (МИА) - Човекот кој се обиде да изврши атентат на потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, е 35-годишниот Фернандо Андрес Сабаг Монтиел, бразилски државјанин, потврдија аргентинските безбедносни власти. Како што пишуваат локални медиуми, тој е роден во Сао Паоло, неговите родители се Чилеанец и Аргентинка. Повеќе од 20 години живее во аргентинската населба Вила дел Парке. Некогаш работел како таксист, а моментално е невработен и добро и бил познат на полицијата. Монтиел лани доби кривична пријава, кога полиција го запрела во возило без регистарски таблички. Кај него е пронајдена мачета долга 35 сантиметри. Според фотографии објавени на социјалните мрежи, се гледа дека Монтиел на лактот има тетоважа црно сонце. Станува збор за нордиски симбол преземен од нацистите и окултното друштво Туле, основано од богати аристократи, а ја бранело надмоќта на ариевската раса. Од 1918 до 1922 година, групата извршила 300 политички злосторства, покажуваат податоци. Монтиел се обиде да ја убие Киршнер, актуелна потпретседателка и поранешна претседателка на Аргентина, кога таа со официјална придружба пристигна пред својата куќа во Буенос Аирес. Но, пиштолот не испукал, пишуваат медиуми. Минатата недела активисти се собраа пред куќата на Киршнер, која е обвинета за корупција и измама во врска со доделување јавни договори во Санта Круз, за време на два претседателски мандата од 2007 до 2015 година. бд/сд/  

Остани поврзан