• среда, 27 ноември 2024

Напад на синагога во Виена, ранет полицаец

Напад на синагога во Виена, ранет полицаец
Виена, 2 ноември 2020 (МИА) - Во Виена вечерва е нападната синагога, а според првичните информации ранет е полицаец кој ја чувал зградата и тој се наоѓа во животна опасност, пренесуваат австриските медиуми. „Кронен цајтунг“ наведува дека биле истрелани неколку истрели во близина на плоштадот „Шведенплац“. Се наведува дека сторителот сè уште е во бегство и се трага по него. Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелираше до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите домови. паг/  

Остани поврзан