• четврток, 26 декември 2024

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда, едно лице загина

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда, едно лице загина

Кампала, 25 октомври 2021 (МИА) - Едно лице загина, а три се повредени во бомбашки напад во бар во главниот град на Уганда, за кој одговорноста ја презеде милитантната група Исламска држава.

Бомбата експлодирала во саботата вечерта во бар на периферијата на Кампала, при што загинала 20-годишна келнерка, а три лица се повредени, од кои две се во критична состојба, соопшти полицијата. - Напаѓачите се маскирале како гости, нарачале храна и пијалоци, а потоа поставиле експлозивна направа во пластична кеса под масата, која експлодирала неколку минути откако заминале, изјави полицискиот портпарол Фред Енанг.
Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, објавувајќи во неделното соопштение на каналот Телеграм дека нејзините членови активирале експлозивна направа во бар каде што се собирале „членови и шпиони на угандската крстоносна влада“.
Претседателот на Уганда, Ловери Мусевени на Твитер објави дека станува збор за терористички чин, ветувајќи дека сторителите ќе бидат фатени.
Бомбата била поставена една недела откако британската Влада ги предупреди британските граѓани дека „терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади“ во Уганда, советувајќи ги да бидат внимателни на јавни места, вклучително и ресторани и барови, јави Би-Би-Си. паг/
   

Остани поврзан