• четврток, 26 декември 2024

Нападната филијала на Сбербанк во Сибир, тројца вработени се држат како заложници

Нападната филијала на Сбербанк во Сибир, тројца вработени се држат како заложници
Москва, 7 јули 2021 (МИА) - Непознато лице денеска упаднало во филијала на Сбербанк во сибирскиот град Тјумен и држи три лица како заложници. Според властите, полицијата преговара со напаѓачот, а околу 50 луѓе се евакуирани од станбената зграда на приземјето на Сбербанк.  „Според прелиминарните податоци, тројца вработени во банката се земени како заложници“, изјави портпаролот на службата за итни случаи. паг/

Остани поврзан