• недела, 24 ноември 2024

Нападите врз гасоводите ја разгоруваат енергетската војна во Европа

Нападите врз гасоводите ја разгоруваат енергетската војна во Европа
30 септември 2022 Политико Европските држави се обидуваат да ја заштитат нивната критична инфраструктура од саботажи, откако три гасоводи од Русија до Германија беа цел на напади. Сè повеќе лидери стигнаа до истиот заклучок како премиерката на Данска, Мете Фредериксен, која изјави дека тоа биле „смислени дејствија, а не инцидент“. Скандинавските сеизмички станици открија експлозии во регионот околу времето кога почнаа истекувањата. Нападите повторно доведоа до зголемување на цените на гасот во Европа, затоа што пазарите и официјалните лица стравуваат дека други гасоводи или терминали за течен природен гас ќе бидат следни. - Ситуацијата е сериозна, предупреди Фредериксен. Министерот за надворешни работи Џепе Кофод истакна дека експлозиите и истекувањето на гас во Балтичкото Море се предмет на длабока загриженост за данската Влада и нејзините сојузници. - Тоа е меѓународно прашање и исклучително е важно да одржуваме близок контакт, за да сфатиме што е причината за инцидентот, појасни министерот. Ќе реагира ли ЕУ? Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети дека „секое смислено попречување на активната европска енергетска инфраструктура е неприфатливо и ќе доведе до најсилен можен одговор“. Во минатото европските лидери беа премногу волни да ги игнорираат нападите на странски влади на сопствената територија - „Политико“ потсетува на повеќекратните експлозии во складови за оружје во Бугарија, убиството сред бел ден во берлинскиот парк Тиргартен во 2019 година, што според судот е порачано од руската држава, или за труењата со полониум и новичок во Велика Британија. Тоа не е обесхрабрувачки за секоја непријателска држава, што сака да предизвика хаос во Европа. А може ли ЕУ да реагира? Дури и ЕУ да открие кој е одговорен, блокот не може да направи речиси ништо како одговор на таква саботажа, освен да наложи (уште) економски санкции. Официјалните лица изјавија дека сега основните дејства се в рацете на националните влади и нивните безбедносни агенции. За сојуз со околу 450 милиони жители и една од најголемите економии во светот, доказ за неговата слабост е тоа што кога ќе биде нападнат, тој нема како да истражува, а не пак да преземе контрамерки, а треба да се потпре на своите национални членови. Стремеж кон обезбедување на инфраструктурата Сега земјите во Европа се обидуваат да ги обезбедат своите цевководи, кабли, платформи за подводно истражување и терминали за течен природен гас, како што официјални лица предупредија, дека над норвешките платформи за нафта и гас биле откриени неидентификувани беспилотни летала. Норвешка го зголеми нивото на загриженост за безбедноста околу своите платформи. Уште еден потсетник за ризиците е дека експлозиите се случија точно пред официјалното отворање во вторникот на новиот гасовод што ја поврзува Норвешка со Полска преку Балтичкото Море. Несигурност Официјални лица од земјите, директно погодени од истекувањето, изјавија дека уште нема категорични докази за тоа кој е одговорен за нападите, затоа што тие се случиле длабоко под водата, а еден од нив изјави дека властите „можеби никогаш“ нема да дознаат со сигурност. Едно нешто е јасно. Се разгорува енергетска војна. Доколку подводната енергетска и комуникациска инфраструктура сега е руска цел, западните военопоморски сили ќе треба брзо да дејствуваат. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан