• четврток, 26 декември 2024

Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на „Мекквин“ во Лондон

Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на „Мекквин“ во Лондон
Лондон, 13 октомври 2021 (МИА) - Светски познатата манекенка Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на модната куќа „Александар Мекквин“ во „Тобако док“ во Лондон. Честа да ја претстави колекцијата „Мекквин“ за 2022 година ѝ припадна на дизајнерката Сара Бартон. - Ми се допаѓа замислата девојките на Меквин „да ја брка бурата“. Сакав преку облеката да ја покажам мистеријата, возбудата и прифаќањето на фактот дека никогаш не можеме да знаеме точно што ќе се случи во иднина, рече таа.

Наоми, која е на самиот почеток на шестата деценија од животот, беше миленица на Ли Мекквин, но не учествувала на шоу на овој бренд од 2010 година, кога тој почина. Некои веруваат дека прекинот бил случаен, а други пак, се сеќаваат на кавгата што ја имале тој и Наоми во 1997 година. Тогаш, поради нејзино доцнење, Ли ѝ ја дал задачата на друга манекенка и нагласил дека Наоми е исклучена. Меѓутоа, тие наскоро се смириле и Наоми почнала повторно да работи со него.  си/сд/

Остани поврзан