• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нанос од песок на патот Валандово - село Удово, сообраќајот се одвива отежнато

Нанос од песок на патот Валандово - село Удово,  сообраќајот се одвива отежнато

Скопје, 30 март 2025 (МИА) - Ноќеска од 03:15 часот на регионалниот пат Валандово - село Удово, пред село Јосифово на Калковска Река има нанос од песок и сообраќајот се одвива отежнато, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан