• четврток, 26 декември 2024

Намирници што се препорачуваат замрзнати

Намирници што се препорачуваат замрзнати

Лос Анџелес, 22 мај 2023 (МИА) - Има храна и намирници за коишто се верува дека се најмалку исто толку здрави кога се купуваат замрзнати, како и свежи, истакнува нутриционистката Ријанон Ламбер. Таа напоменува и дека намирниците ја задржуваат својата хранлива вредност и откако ќе минат одредено време во замрзнувач.

- Замрзнатата храна, како што се овошјето, зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со витамини и минерали, се подеднакво хранливи како свежите. Замрзнатите производи обично се поевтини од повеќето свежи производи, па затоа е одлична опција доколку сакате да заштедите пари. Овој избор замрзнати производи може да биде и одличен начин за намалување на отпадот од храна бидејќи работите може да се замрзнат и да се дојадат подоцна, вели стручњакот.

Ова е важно и бидејќи трошоците за живот продолжуваат да растат. Следат неколку намирници што се и поевтини, и поздрави доколку се купат замрзнати.

Замрзнатиот грашок е многу поевтин за купување замрзнат од свежиот и важи за лесен додаток на секој оброк. Исто така, содржи доволно количество влакна, антиоксиданси и витамини, како и минерали здрави за срцето, како што се магнезиум, калиум и калциум.

Љубителите на сечкан кромид веројатно знаат дека лупењето и сечкањето тенки чешниња може да биде мачно... Така, чување ќесичка со замрзнат и сечкан лук во замрзнувачот заштедува време и пари.

Кромидот нема да го загуби својот вкус кога е замрзнат, но може да изгуби дел од својата моќ. Неговата главна активна состојка - алицин може да го поддржи имунолошкиот систем во борбата против вирусите.

Брокулата е уште еден од зеленчук што оди со повеќе оброци и дава хранлива вредност и кога е замрзнат. Добро е за здравјето на цревата, како и за управувањето со тежината, здравјето на мозокот, воспаленијата и имунолошкиот систем.

Ниту замрзнувањето риба не ја намалува нејзината хранлива вредност, советува Ријанон. И со тоа сепак ќе може да се ужива во придобивките од омега-3 масните киселини и витамините Д и Б-2 што таа ги содржи, но и по пониска цена. 

Бобинките додадени во оброк со јогурт се здрав дел од појадокот. Меѓутоа, честопати една порција свежо овошје содржи само неколку од нив - ако купите замрзнато значи дека ќе добиете повеќе за помалку и ќе траат подолго.

Според истражувања на Државниот универзитет во Јужна Дакота (САД), и замрзнатите боровинки се блљаготворни, оти содржат повеќе антиоксиданси, коишто може да помогнат во борба против повеќе болести, вклучително и ракот. Замрзнатите малини, пак, се одличен извор на витамин Ц, којшто го зајакнува имунолошкиот систем.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан