• среда, 13 ноември 2024

Намирници што највозрасната личност на светот ги јадела секој ден

Намирници што највозрасната личност на светот ги јадела секој ден

Лондон, 28 октомври 2022 (МИА) - Британската компанија „Идн'с гејт“ спроведе истражување со највозрасните луѓе во светот во обид да се открие што им помогнало да живеат така долго.

Тие проучувале шест лица со над 100 години, земајќи ги предвид исхраната, стресот и социо-економскиот статус. Според сѐ, Французинката Жан Луиз Калмен (1875 - 1997) била највозрасната личност на светот - доживеела 122 години. Таа во една прилика ги навела трите намирници кои ги јадела секој ден: Чоколадо Го јадела по секој оброк. А, како што пишува списанието „Антиоксидантс енд редокс“, чоколадото е корисно, меѓу другото, и за срцето, помага во борбата против ракот и заразните болести што му штетат на имунолошкиот систем. Маслиново масло Американското здружение за срце (АХА) наведува дека маслиновото масло, меѓу останатото, содржи витамин Е и го намалува нивото на лошиот холестерол. Затоа, во оваа смисла, опасноста од срцеви заболувања е помала. И истражувања на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека ова масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат тоа да се користи наместо маргарин и мајонез. Вино Калмен особено претпочитала да пие црвено вино произведено во Португалија. Многу луѓе го консумираат овој вид вино како дел од средоземноморската исхрана, која важи за најздрава за телото и организмот. Секако, важно е да консумирате умерена количина - не повеќе од чаша на ден. си/сд/

Остани поврзан