• среда, 13 ноември 2024

Наместо „Оскарите“, над осум милиони луѓе ја гледале засега последна епизода од „Последниот од нас“

Наместо „Оскарите“, над осум милиони луѓе ја гледале засега последна епизода од „Последниот од нас“

Лос Анџелес, 16 март 2023 (МИА) - Хит-серијата на „Ејч-би-о“, „Последниот од нас“ (The Last of Us), со својата засега последна епизода достигна гледаност од 8,2 милиони луѓе. Бројката е уште повпечатлива и позначајна ако се земе предвид дека е постигната токму при ТВ-емитувањето на доделувањето „Оскари“.

Претходно рекордната, прва епизода при своето прво прикажување ја погледнале 4,7 милиони луѓе. Серијата, инаку, достигна вкупно, во просек, 30,4 милиони гледачи по епизода во оваа прва сезона, надминувајќи ги така дури и бројките на „Куќата на Змејот“.

Просечната оценка на ИМДБ е 9/10, од вкупно 304.000 гледачи кои ја оцениле серијата.

За потсетување, хоророт „Последниот од нас“ е адаптација на истоимената постапокалиптична видеоигра на „Плејстејшн“ од 2013 година. Приказната се случува 20 години по уништувањето на денешната цивилизација и го следи „одметникот“ Џоел (Педро Паскал), кој мора да „ја прокриумчари“ тинејџерката Ели (Бела Ремзи) вон зоната на карантин.  си/ссм/

Фото: ИМДБ

Остани поврзан