• среда, 25 декември 2024

Намалување на емисиите на стакленички гасови во 20 земји од ЕУ

Намалување на емисиите на стакленички гасови во 20 земји од ЕУ

Брисел, 16 август 2024 (МИА) - Емисиите на стакленички гасови во економијата на Европската Унија во првиот квартал од 2024 година се проценети на 894 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид, што претставува намалување од четири отсто во споредба со истиот квартал минатата година. Намалувањето на емисиите е забележано во 20 земји-членки на ЕУ.

Најголемо намалување на штетните емисии е забележано во Бугарија, со 15,2 отсто помалку во споредба со минатата година, потоа во Германија со 6,7 отсто и во Белгија со 6 отсто, објави Евростат.

Според сектори, најголемо намалување на емисиите е регистрирано во снабдувањето со електрична енергија и гас, со 12,6 отсто помалку меѓугодишно, додека домаќинствата ги намалиле емисиите за 4,4 отсто.

Од 20-те земји членки на ЕУ кои ги намалиле своите емисии, осум истовремено забележале и пад на БДП-то, а тоа се Чешка, Германија, Естонија, Ирска, Луксембург, Холандија, Австрија и Финска.

Наспроти ова, 12 земји од ЕУ успеале да ги намалат штетните емисии и истовремено да постигнат економски раст, меѓу кои се Белгија, Бугарија, Данска, Шпанија, Франција, Италија, Унгарија, Полска, Португалија, Словачка, Шведска и Хрватска. ссм/

фото: архива

Остани поврзан