• недела, 24 ноември 2024

Намален природниот прираст на населението во земјава

Намален природниот прираст на населението во земјава

Скопје, 1 март 2023 (МИА) - Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува - 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021  година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан