• петок, 27 декември 2024

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во Кичево во 2021 година

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во Кичево во 2021 година

Кичево, 9 март 2022( МИА) - Последните неколку години во Општина Кичево се бележи негативен тренд на новороденчиња, бројката од година во година е сè помала, а поради и се постарото население, смртноста е сè поголема и е далеку над бројот на новородени деца, покажуваат податоците на Управата за водење матични книги – Кичево.

- Во последните десетина години во Општина Кичево бројот на новороденчиња е во опаѓање а бројот на починати во пораст. Ова се должи на се постарото население во општината и иселувањето на младите кон Скопје и странство. Најдобра потврда за тоа е претходната календарска година кога во општина Кичево се регистрирани 283 новороденчиња и дури 418 починати лица, што е за 135 лица повеќе починати од новородени, велат од Управата. Бројот на починати е нешто поголем и поради смртноста предизвикана од пандемијата на коронавирусот. - Бројките во 2021 година се повисоки и во една и во друга категорија, во споредба со 2020 година, кога се родиле само 205 деца, додека во истата година бројот на починати изнесува 287 лица, додаваат од Управата во Кичево, од каде потсетуваат на времињата пред 2000 година, кога во општина Кичево бројот на новороденчиња се движел над 600 а бројот на починати бил далеку помал што придонело бројот на жители во градот забрзано да се зголемува. Податоците од Управата покажуваат дека бројот на склучени бракови, во изминатата година изнесува 295, што е далеку над бројката од 2020 година кога започна пандемијата со коронавирусот и кога беа склучени само 203 бракови. Единствено мала е разликата на разводи во претходните две години, кога имаме 56 разводи регистрирано во 2020 година и 52 разводи минатата година. Со други зборови, во 2020 година секој четврти од склучените бракови бил неуспешен, додека минатата година пропаднал секој шести брак. за/ки/

Остани поврзан