• сабота, 23 ноември 2024

Намален водостојот на реките во однос на просекот за април

Намален водостојот на реките во однос на просекот за април

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Во последните два дена, водостојот на Вардар е намален во однос на просекот за април кај сите мерни станици: Јегуновце, Лепенец, Железнички мост во Скопје, Велес и Демир Капија, покажа мерењето на УХМР.

Намалување на водостојот на 10 и 11 април во однос на просекот, е забележано и кај другите реки: Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница, Црна Река, Црн Дрим, Сатеска и мало намалување има и кај Радика. Само реките Бабуна и Струмица последните два дена имале исто ниво на водостојот со просекот за април.

Мерните станици на УХМР забележале дека нивото на Дојранското и Охридското езеро е во рамките на просекот на април. Само кај Преспанското Езеро е 2 сантиметри под апсолутно појавениот минимум. ир/вј/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан