• среда, 04 декември 2024

Намален водостојот на Преспанското, а зголемен на Охридското Езеро

Намален водостојот на Преспанското, а зголемен на Охридското Езеро

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а за три сантиметри е зголемено нивото на Охридското, додека водостојот на Дојранското Езеро е ист со вчерашниот, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа нивото на Преспанско Езеро е 41 сантиметар под апсолутно појавениот регистриран минимум, на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум, додека на Дојранското Езеро е 74 сантиметри под договорениот минимум.

Водостоите, пак, на реките во земјава најчесто бележат намалување во споредба со вчера. Најголемо намалување од 35 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Демир Капија, а најголемо зголемување од 16 сантиметри има Црна Река кај Новаци.вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан