• сабота, 23 ноември 2024

Намален водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро

Намален водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро

Скопје, 9 октомври 2023 (МИА) – За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 1,74 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Нивоата, пак, на реките во земјава најчесто се исти како вчера или имаат благо зголемување или намалување. Најголемо зголемување на водостојот од 11 сантиметри во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголемо намалување од 10 сантиметри има Црн Дрим кај Ложани.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан