• понеделник, 29 јули 2024

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И  покрај тоа, водостоите на трите езера се пониски од просекот за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското Езеро, за 75 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро.

За разлика од езерата, нивоата на повеќето реки во земјава се повисоки од просекот за овој период од годината и најчесто водостојот им е сличен на вчерашниот.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан