• петок, 27 декември 2024

Намален бројот на лица кои престојуваат во прифатните центри за бегалци и мигранти во Грција

Намален бројот на лица кои престојуваат во прифатните центри за бегалци и мигранти во Грција

Атина, 4 март 2024 (МИА) – За 12,2 отсто се намалил бројот на лица кои престојуваат во 33-те прифатни центри за бегалци и мигранти во цела Грција и во февруари изнесувал 27.536, наспроти 31.367 лица во јануари, според податоците од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Во февруари, намален бил бројот и на оние кои се сместени на островите во источниот дел на Егејско Море и престојуваат 11.267 лица, за 28,5 отсто помалку во споредба со јануари.

Дополнително, од надлежното Министерството посочија дека Службата за азил продолжува со забрзано обработување на барањата за азил и минатиот месец биле разгледани 6.279 барања, а во истиот период во земјата биле регистрирани 3.828 нелегални пристигнувања. ср/сд/

Остани поврзан