• четврток, 26 декември 2024

Намален бројот на ликовни уметности и уметници

Намален бројот на ликовни уметности и уметници
Скопје, 28 мај 2021 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминатата година, бројот на организирани ликовни изложби изнесува 314 и во споредба со 2019 година е намален за 41,7 отсто. Дополнително во истиот период, за 44,1 отсто е намален и бројот на ликовните уметници учесници на изложбите, исто така за 76,3 проценти е намален и бројот на посетителите на ликовните изложби. Во 2020 година се организирани 18 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2019 година, е намален за 32,3 отсто.свс/скс/

Остани поврзан