• четврток, 26 декември 2024

Намаленото производство на пролетна зелка во струмичко ги натера трговците да ги отажуваат нарачките

Намаленото производство на пролетна зелка во струмичко ги натера трговците да ги отажуваат нарачките
Струмица, 27 април 2021 (МИА) - Иако е крај на бербата во струмичко, откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм, а секојдевно расте побарувачката за неа. Трговците се во трка по килограм повеќе за да можат донекаде да ги испорачат договорените количини, но, се принудени и да ги откажуваат нарачките. Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, се оствариле предупредувањата дека намалените површини засеани со пролетна зелка ќе предизвикаат зголемена побарувачка. -Во моментов во државата да има две илјади тони пролетна зелка од пластеници без проблем ќе биде продадена. Но, едноставно ја нема. Според мене тоа се должи на многу фактори, но, пред се одлучувачко е стихијното производство. Во изминатите два дена откажав многу нарачки за извоз на пролетна зелка, вели Витанов. Се надева дека нема да биде иста состојбата со краставицата и домататот, иако стравува дека намалените површини и под овие градинарски култури можат пред време да предизвикаат завршување на откупот. Според земјоделците, неможноста да се одговори на зголемената побарувачка за пролетна зелка се должи на нефункционирањето на договорното производство, но и на лошите временски услови некарактеристични за овој период од годината. -За да немаме такви ситуации производството да завршува кога најмногу се бара, потребно е пред почетокот на производствената сезона откупувачите да склучат договори со производителите врз основа на нивните договори со странските партнери и на тој начин земјоделецот да знае колку и за кого треба да произведе, вели Ристо Велков, од Сојуз на синидикат на земјоделци Струмица. За разлика од годинава, кога откупната цена на пролетната зелка не падна под 20 денари за килограм, лани пласманот помина со многу проблеми и ниски цени. Пролетната зелка од овој регион трговците претежно ја пласираат на западноевропските пазари, Србија, Хрватска, Романија и Украина. Инаку, деновиве во струмичко краставицата се откупува за 50 денари за килограм, а откупната цена на доматите изнесува од 90 до 100 денари. рт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан