• сабота, 23 ноември 2024

Намалена посетеноста во тематските паркови „Дизни ворлд“ и „Јуниверзал студиос“ во Флорида 

Намалена посетеноста во тематските паркови „Дизни ворлд“ и „Јуниверзал студиос“ во Флорида 

Вашингтон, 13 јули 2023 (МИА) - Забавните паркови „Дизни ворлд“ и „Јуниверзал студиос“ во Флорида, обврзни атракции за семејна забава и летни одмори на милиони Американци, летово се соочуваат со рекордно намалена посетеност откако се отвoрија по крајот на Ковид-19 пандемијата. 

Според туристичките агeнции и експерти во САД, причината е екстремно жешкото време, намалениот бум во постпандемиските патувања и тензичната политичка ситуација во Флорида. 

Последната причина е поврзана со кавгата меѓу републиканците, кои се на власт во Флорида и менаџментот на Дизни, предводен од извршниот директор Боб Ајгер. 

Републиканците тврдат дека Дизни додава неприфатливи сексуални содржини во своите тематски паркови. Гувернерот Рон Деснатис е посебно настроен да ја казни „Дизни“, компанија со огромно влијание и најголем работодавец во државата, поради либералните содржини и подршката на ЛГБТ заедницата, она што Десентис го карактеризра како „воук“ култура. Терминот е преземен од кампањските митинзи на поранешниот претседател Доналд Трамп. 

-Идејата дека Дизни на некој начин ги сексуализира децата е апсурдна и неточна, изјави Ајгер денеска во интервју за Си-ен-би-си. 

Во меѓувреме се водат судски спорови меѓу „Дизни“ и Десантис за сопственоста на земјиштето управувано од компанијата и израдбата на нови објекти во близина на парковите. 

-По пандемијата, Флорида се отвори многу порано од другите држави со што се создаде голема побарувачка. Немаше конкуренција. Ако ги погледнете бројките од 2022 година, кога не беше сѐ отворено и Флорида беше единствената „игра во градот“, сега во 2023 година има повеќе конкуренција, изјави Ајгер. 

Падот на посетеноста во парковите „Дизни ворлд“ и „Јуниверзал студиос“ се гледа по количината на отворени резервации за влез во парковите, повеќе попусти и побрзи редови за атракциите и ролеркоустерите. 

Времето за чекање во редовите за атракциите е главен индикатoр дека посетеноста е намалена. Ако лани во јули чекањето во ред просечно изнесувало 41 минута, сега тоа е 33 минути, едно од најкратките на месечно ниво од јануари 2022 година. кб/

фото: МИА архива

Остани поврзан