• недела, 28 јули 2024

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци низ државата

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци низ државата

Скопје, 30 декември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

-Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100  метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и до 100 метри на патниот правец Прилеп – Македонски Брод – Кичево, информираат утрово од ЈП Македонијапат.

По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат од екипите на ЈП Македонијапат. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан