• понеделник, 06 јануари 2025

Магла на патот Гајре - Попова Шапка и на планинските превои Буково и Ѓавато

Магла на патот Гајре - Попова Шапка и на планинските превои Буково и Ѓавато

Скопје, 4 јануари 2025 (МИА) - Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ попладнево информираа дека поради магла, има намалена видливост до 30 метри на патниот правец село Гајре - Попова Шапка, до 50 метри на планинскиот превој Буково и до 70 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Како што се наведува во соопштението, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите биле претежно суви.

- ЈП „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони, се додава во соопштението.

Се апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан