• понеделник, 29 јули 2024

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово - село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по претежно влажни коловози. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. ир/

Остани поврзан