• четврток, 26 декември 2024

Налепници со ознаката НМК достапни за стружани, гужви пред станиците за технички прегледи

Налепници со ознаката НМК достапни за стружани, гужви пред станиците за технички прегледи

Струга, 12 февруари 2024 (МИА) - Во станиците за технички преглед на возила во Струга денеска тече процесот на поставување налепници со ознака НМК на регистерските таблички на возилата. Тоа предизвика метеж пред објектите и отежната работа со тековните технички прегледи на возилата.

Според вработени во дел од станиците во Струга што ги контактираше МИА, фрекфенцијата на возила денеска била голема.

- Има премногу гужви, до пладне поминаа над 150 возила. Тоа дополнително ја отежнува нашата работа со редовните технички прегледи, бидејќи според протоколите возилото задолжително треба да влезе на патеката за технички преглед и под видео надзор да биде залепена налепницата НМК, изјави вработен во станица за технички прглед во Струга

На гужви се пожалија и од други станици за технички преглед на возилата, посочувајќи дека иако процедурата со поставување налепници НМК ја отежнува нивната тековна работа, опслужени се сите возачи.

Возилата чии регистерски таблички немаат ознаки со новото Уставно име, за излез од државата од полноќ задолжително треба да имаат налепници со ознаката НМК. За да ја добијат налепницата возачите треба да отидат во некоја од станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола. Нелепниците се даваат бесплатно, но треба да бидат ставени на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед под видео надзор. сс/мч/

фото: МИА

Остани поврзан