• четврток, 26 декември 2024

Налепници со „НМК“ ознака наместо промена на регистарски таблички - економично решение со кое ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и фирмите

Налепници со „НМК“ ознака наместо промена на регистарски таблички - економично решение со кое ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и фирмите

Скопје, 17 мај 2023 

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблички.  

Целта на ова решение за употреба на налепница со „НМК“ ознака, предложено од МВР како најсоодветно, функционално и економично решение, е да се избегнат дополнителни финансиски трошоци за граѓаните и правните лица за издавање повеќе нови документи, лиценци, сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската табличка, а истовремено во целост се испочитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија.  

Покрај ова, со ова решение им се овозможува олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.   

За операционализација на наведениот предлог Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.  

Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака „МК“, на местото на кое е поставена ознаката „МК“, да се стави налепница на која е испишана национална ознака „НМК“. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака „МК“, ќе се предвиди можност за ставање на  налепница со испишана национална ознака „НМК“ на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје. 

Притоа, оставена е можност за избор на граѓаните, што значи физичките и правни лица доколку не сакаат да стават налепница на постојните регистарски таблички, можат да побараат и замена на старите со нови регистарски таблички. 

Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан