• недела, 24 ноември 2024

НАкС ја поздравува одлуката за минималната плата и очекува зголемување и на другите плати согласно колективните договори

НАкС  ја поздравува одлуката за минималната плата и очекува зголемување и на другите плати согласно колективните договори
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Независниот академски синдикат (НАкС) го поздравува покачувањето на минималната плата усвоено на Економско-социјален совет и смета дека ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард. -Сепак, оваа мерка не треба да го воедначи трудот на вработените коишто имаат различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност. Воедно, покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата, соопшти Синдикатот. НАкС очекува дека изменетата методологија за пресметка на минимална плата ќе се почитува доследно, но дека истовремено ќе се почитуваат и останатите законски прописи и колективни договори кои ја уредуваат оваа материја. хс/лв/

Остани поврзан