• среда, 13 ноември 2024

НАкС бара усогласување на платите и во високото образование

НАкС бара усогласување на платите и во високото образование
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Независниот академски синдикат (НАкС) го поддржува штрајкот организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и смета дека барањето за усогласување на платите со минималната плата е  неопходно со цел да се остварат правата загарантирани со закон и со колективните договори. - Потсетуваме дека иако НАкС го поздрави покачувањето на минималната плата, со што се подобри положбата на вработените со најниски примања, баравме соодветно зголемување и на платите на останатите вработени. Зголемувањето на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката е нужно со цел да се избегне воедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование. Оттука, бараме Министерството за образование и наука да биде одговорен партнер во социјалниот дијалог и веднаш да ги започне разговорите за усогласување на Колективниот договор за високо образование и наука со Законот за минимална плата од февруари 2022 и на тој начин да ја заштити неговата функционалност, велат од НАкС. Во спротивно, најавуваат порадикални чекори со цел исполнување на нивните права. бак/са/

Остани поврзан