Над 800 родители на израелските војници го обвинуваат Нетанјаху дека бесцелно ја продолжува војната во Појасот Газа
- Повеќе од 800 родители на израелските војници и резервисти кои се бореле или сè уште се војуваат во Појасот Газа го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неодговорно и непотребно ги ризикува животите на нивните деца и побараа завршување на војната
Ерусалим, 9 јануари 2025 (МИА) – Повеќе од 800 родители на израелските војници и резервисти кои се бореле или сè уште се војуваат во Појасот Газа го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неодговорно и непотребно ги ризикува животите на нивните деца и побараа завршување на војната.
Тие во писмо упатено до Нетанјаху наведуваат дека израелскиот премиер води „војна без хоризонт, што не наликува на ништо од нашата историја, исклучиво во интерес на сопствениот политички опстанок. Нашите синови и ќерки беа испратени во непотребна војна што ни ја наметнаа вашите постапки. Тие изгубија многу пријатели и продолжуваат да умираат и се повредени, психички и физички, посочуваат родителите во писмото.
Тие, исто така наведуваат оти војниците биле мотивирани од наведените цели, „а пред сè, најмногу и најважно, за враќање на заложниците“.
Родителите тврдат дека израелските одбранбени сили (ИДФ) немаат причина да останат во Појасот Газа освен „за исполнување на месијанската желба таму да се населат“.
- Ние вие обвинуваме дека ги напуштивте заложниците и војници, се посочува во писмото.
Писмото е објавена денеска, кога Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека од почетокот на војната 7 октомври 2023 година, загинале над 46.000 луѓе. ми/
фото: МИА архива