• вторник, 12 ноември 2024

Над 700 уапсени за време на протестите во Белорусија

Над 700 уапсени за време на протестите во Белорусија
Минск, 15 ноември 2020 (МИА) - Повеќе од 700 лица се уапсени денеска за време на протестите одржани во Белорусија против претседателот Александар Лукашенко, соопштија организации за заштита на човековите права. На веб страницата на организацијата за заштита на човековите права „Пролет“ вечерва е објавен список на уапсените, на кој се наоѓаат 722 имиња. Повеќето од нив се приведени во Минск, а останатите се во други градови низ Белорусија. На видео снимки се забележуваат како безбедносните сили влечат мажи и жени кон полициски возила и минибуси. Се соопштува и за повредени демонстранти. Белоруското Министерство за внатрешни работи потврди дека денеска против демонстрантите во Минск биле употребени специјални средства. Организацијата „Пролет“ соопшти и дека меѓу уапсените има новинари. Очевидци тврдат дека полицијата употребила солзавец, гумени куршуми и шок бомби, со цел да ги растера демонстрантите. Околу 15 метро станици во Минск биле затворени со цел да не им се дозволи пристап на демонстрантите до центарот на градот. Интернет мрежата, исто така, била прекината. Од одржувањето на претседателските избори на 9 август досега, секој викенд во Белорусија се организираат протести против Лукашенко. Опозицијата, светските сили и меѓународните набљудувачи велат дека изборите не биле ниту слободни, ниту чесни. Шеесет и шест годишниот Лукашенко се наоѓа на чело на Белорусија повеќе од 25 години. гт/

Остани поврзан