• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Над 6,7 милиони денари изнесуваат Програмите за работа на Националните установи Музеј и Библиотека-Штип

Над 6,7 милиони денари изнесуваат Програмите за работа на Националните установи Музеј и Библиотека-Штип

Штип, 6 март 2025 (МИА) – Директорите на Националните установи Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип и Библиотеката „Гоце Делчев“-Штип, Марија Причкова и Драган Горѓиев денеска на прес-конференција ги презентираа годишните Програми, кои се финансирани од Министерството за култура и туризам. Причкова вели дека вкупниот буџет за реализација на проектите за Музејот изнесува 4.265.000 денари, средства се повеќе од лани.

Средствата ќе бидат наменети во програмските активности на музејската дејност, галериската и во Секторот за заштита и конзервација на недвижното и движното културно наследство.

- Три проекти од областата на недвижното културно наследство кои се влезени во програмата за оваа година, а тоа се Конзервација и реставрација на црквата „Свети Јован Крстител“ во Штип, заштитни археолошки истражувања на локалитетот Баргала – Екстра мурос базилика и реализација на основен проект за конзерваторско реставраторските работи на Западен крак од Јужен бедем на археолошкиот локалитет Баргала (трета фаза), вели Причкова.

Додека од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство  се одобрени 18 проекти, ќе се работи на археолошки истражувања на локалитетот Баргала и локалитетот „Св. Атанасиј“ во село Спанчево, а ќе се извршат повеќе увиди  на археолошките локалитети во Општините Карбинци и Кочани.

-Ќе се формира постојана поставка „Македонското девојче во бело“ посветено на првата медицинска сестра во Македонија, штипјанката Славјанка Влахчева. Реализација на проект конзервација и реставрација на девет празнични икони од депото на икони на НУ Завод и Музеј- Штип и изработка на проекти за конзервација и реставрација на пет празнични икони од депото на икони  на Завод и Музеј Штип, како и конзервација и реставрација на балдахинот на црквата „Свети Никола“ во Штип. Имаме изработка и реализација на проект за конзервација на етнолошките предмети од дрво што се дел од постојаната поставка на Музејот на ВМРО за Штип и Штипско (1893-1934), рече Причкова.

Во рамките на проектите од музејска дејност ќе бидат реализирани четири тематски изложби.

Програмските активности, пак во НУ Библиотека „Гоце Делчев“- Штип се во библиотечната, издавачката дејност, европски интеграции, меѓународна културна соработка и инвистиционо-техничко одржување на објектите и опремата во државна сопственост. Горѓиев вели дека финансиските средства годинава изнесуваат над 2,5 милиони денари. Посочува дека годинава значајно е што почнува  дигитализацијата на библиотечниот фонд. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан