• вторник, 12 ноември 2024

Над 440.000 верници во Германија ги напуштија Католичката и Протестантската црква

Над 440.000 верници во Германија ги напуштија Католичката и Протестантската црква
Берлин, 145 јули 2021 (МИА) - Во Германија минатата година повеќе од 440.000 верници ги напуштија една од двете најголеми христијански заедници во Германија, протестантска и католичка, се наведува во годишната статистика на Конференцијата на германските бискупи и Германската протестантска црква. Според статистичките податоци од Германската бискупска конференција, 221.000 верници ја напуштиле Германската католичка црква. Кај протестантите, тој број беше малку помал - 220.000. Иако има голем број верници кои им свртеа грб на црковните институции и излегоа од црковните евиденции, Конференцијата на германските бискупи посочува дека ги има помалку отколку што имало една година порано. - Бројот на напуштања е намален за 18,8 проценти во споредба со 2019 година, се наведува во соопштението на Конференцијата на германските бискупи. Во 2019 година, рекордни 273.000 верници ја напуштија Католичката црква поради честите скандали со педофилија во рамките на црквата. Во 2020 година, бројот на верници кои редовно одат во црква, исто така, е намален од 9,1 на 5,9 проценти. ми/

Остани поврзан