• четврток, 26 декември 2024

Над 3.000 посетители досега на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Над 3.000 посетители досега на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Куманово, 4 октомври 2023 (МИА) - Над 3.000 посетители ги проследиле претставите на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово, информираа денеска од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Надлежните се задоволни од посетеноста. Кумановци ќе разгледаат уште половина од предвидените комедии на театри од државата и земјите од регионот.

- На половина од Меѓународниот фестивал „Денови на комедија Куманово“ можеме да кажеме дека сме презадоволни од посетата на Фестивалот, од нашата публика, од изведбата на театарските претстави и од текот на самиот фестивал. Досега имавме преку 3000 посетители, и очекуваме тој број до крајот на Фестивалот да се дуплира. „Денови на комедија„ Куманово години наназад важи за Фестивал со најголема посетеност во државата, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

Досега настапија театрите од Велес, кумановци ги гледаа претставите „Ле кретен“ од Штип, „Приказна за театарот“ од Пирот, Србија, „Три и пол сестри“ од Винковци, Хрватска, „Илуминати“ на Театар комедија од Скопје.

Вечерва, игра „Чекајќи го лекарот“ од Лесковац, Србија. Кумановци ќе ја проследат и претставата „Граѓанинот благородник“ на тетовскиот театар, „Седумте стола“ на гостите од Ловеч, Бугарија, „Кафез со кокони“ на Драмскиот театар. Како и претходните и годинава фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со „Љубовна терапија“. На 15-ти октомври ќе биде прикажана „Обвинителка“ и ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, за машка и женска улога, споредна улога, сценографија, костимографија и во други категории. ам/дма/


Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Остани поврзан