Над 180 учесници на Новогодишниот концерт на музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани
- Основното музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани ги заврши подготовките за традиционалниот Новогодишен концерт, што годинава ќе се одржи по 23. пат под називот „Музичката работилница на Дедо Мраз“.
Кочани, 13 декември 2024 (МИА) – Основното музичкото училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани ги заврши подготовките за традиционалниот Новогодишен концерт, што годинава ќе се одржи по 23. пат под називот „Музичката работилница на Дедо Мраз“.
По неколкугодишна пауза поради реновирањето на големата сала, овогодишното издание на концертот повторно се враќа во Центарот за култура „Бели мугри“.
-На концертот ќе имаме над 180 учесници, односно „џуџенца“ и „џуџиња“ кои вредно работеа на подоготвките во работилнициата на Дедо Мраз и со класични, но и празнични новогодишни теми ќе ги разлеат музичките тонови пред почетокот на новогодишното славје. Планирани се четири претстави за граѓаните, што ќе се одржат на 25 и 26 декември со почеток од 17 и 19 часот. Влезниците чинат 300 денари, а дополнително ќе има информации каде и кога ќе можат да се набават, истакна Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков“.
Покровител на Новогодишниот концерт е Општина Кочани, а генерален спонзор е компанијата „ИНТ груп“.
Претходните неколку години поради градежните работи во „Бели мугри“, но и поради Ковид пандемијата, Новогодишниот концерт имаше концепциски измени и се одржуваше на платото пред Центарот, односно онлајн, со видео настап на учениците изведувачи.та/са/
фото: плакат на ОМУ „Ристо Јуруков“