• сабота, 23 ноември 2024

Над 15.000 садници пошумени во делчевското село Стар Истевник

Над 15.000 садници пошумени во делчевското село Стар Истевник

Делчево, 17 ноември 2023 (МИА) - Во две одделни акции на подрачјето на делчевското село Стар Истевник, кое пред две години беше зафатено од пожари, засадени се 15.000 нови дрвца. Како што информираа од подружницата на ЈП Национални Шуми ,,Голак" Делчево, пошумувањето е реализирано со поддршка на општествено одговорни компании и младински организации.

-Во првата акција која се реализира како дел од иницијативата Боренка, а со поддршка на Телеком, таканаречената виртуелна шума, претворена е во вистинска, преку пошумување на дел од опожареното подрачје во атарот на село Стар Истевник. Во рамки на активноста претходно спроведена е стручна експертиза на ЈП Национални шуми и помош од Сојуз на извидници на Македонија и учениците од СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“, како и волонтери од Телеком, со чија помош беа посадени садници од видот црн бор, информирааод подружницата ,,Голак".

Во месец ноември, како што додадоа, засадени се и дополнителни 5000 садници.

-Втората акција се реализираше со вработените во ПроКредит Банка кои учествуваа во пошумување на опожарена површина на место викано Браниград во близина на Стар Истевник- Делчево. Вработените на подружницата Голак – Делчево заедно со вработените од ПроКредит Банка пошумија околу 5000 садници од црн и бел бор, информираа од подружницата.

На споменатата локација, како што додадоа, реализирани се повеќе акции за пошумување, а слични акции планирани се и за наредниот период. вс/дма/


Фото:  Подружницата на ЈП Национални Шуми „Голак" Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан