• среда, 25 декември 2024

Над 100 европарламентарци бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од евроквалификациите

Над 100 европарламентарци бараат УЕФА да ја исфрли Белорусија од евроквалификациите

 

Брисел, 15 март 2023 (МИА) – Повеќе од 100 претставници во Европскиот парламент преку писмо го повикаа денеска претседател на УЕФА, Александар Чеферин, да ја исклучи Белорусија од квалификациите за ЕУРО 2024 кои стартуваат идната недела.

Барањето е мотивирано од белоруската поддршка на агресијата врз Украина поради која УЕФА претходно ги исклучи руските репрезентации и клубови од сите европски натпреварувања.

Белорусија во квалификациите за ЕУРО2024 е во група со Швајцарија, Израел, Романија, Косово и Андора.

Поради вмешаност во руската агресија врз Украина, со одлука на УЕФА, своите домашни натпревари Белорусија мора да ги игра на неутрален терен без присуство на публика и на воведниот натпревар на 25. март против Швајцарија, најверојатно, ќе биде домаќин во Србија.

Европарламентарците во писмото до Чеферин посочуваат дека актуелните мерки против Фудбалската федерација на Белорусија се неадекватни имајќи го предвид ставот на белорускиот државен врв кон случувањата во Украина и ставот на Белорусија кон земјата агресор. ег/ 

ФОТО: Твитер

Остани поврзан