• понеделник, 23 декември 2024

Над 1.000 основци од Куманово го користат базенот како дел од програмата за бесплатно пливање

Над 1.000 основци од Куманово го користат базенот како дел од програмата за бесплатно пливање

Куманово, 17 декември 2023 (МИА) - Успешно се имплементира проектот на општина Куманово, бесплатно пливање за кумановските ученици во комплексот базени, информираше денеска директорот на ЈП „Куманово Паркинг“, Сашо Петрушевски под чии ингеренции е базенот. Програмата за бесплатно пливање се спроведува преку советот и општинскиот сојуз на спортови и на училишен спорт.

-Имаме енормно зголемување на број на пливања, вкупно 30.000. Добра е програмата, бидејќи им помага на децата правилно да се развиваат, преку спорт да се научат на вистински вредности, изјави Петрушевски.

Од Секторот за образование информираа дека во септември на почетокот од учебната година биле пријавени 1.077 ученици, интерес не пројавиле само две основни училишта.

-Мора да потенцираме дека за непливачите е можно да се спроведе обука со претходна согласност од родителите како и од наставниците, изјави раководителот на Ссекторот, Александар Јовановиќ.

Учениците пливаат во претпладневните и попладневните часови од 9 до 11 и од 14 до 17 часот. Проектот бесплатно користење на базен за ученици, почна во февруари годинава. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан