• сабота, 28 декември 2024

Над 1.000 Ирачани завршија во болница поради последици од песочната бура

Над 1.000 Ирачани завршија во болница поради последици од песочната бура
Багдад, 5 мај 2022 (МИА) - Над 1.000 Ирачани завршија во болница поради респираторни заболувања, предизвикани од песочна бура. Станува збор за седма по ред песочна бура што ја погоди земјата во изминатиот месец, јавија ирачките државни медиуми. Жителите на шест од 18-те ирачки провинции повторно се разбудија со густ облак прашина што го прекри небото. Властите на провинциите Ал-Анбар и Киркук повикаа луѓето да не излегуваат надвор и да бидат на безбедно. Болниците во Ал-Анбар примија повеќе од 700 пациенти со отежнато дишење. Централната провинција Салахедин информираше за над 300 случаи, а Дивани и Наџаф евидентираа по околу 100 пациенти со такви проблеми. Ирак е особено ранлив на климатските промени и забележа рекордно ниски врнежи и високи температури изминатите години. Овие фактори, според мислењето на експерти, се закануваат да доведат до социјална и економска катастрофа во земјата разурната од војна. бд/ми/

Остани поврзан