• четврток, 26 декември 2024

Над илјада авганистански војници побегнаа во Таџакистан

Над илјада авганистански војници побегнаа во Таџакистан
Душанбе, 5 јули 2021 (МИА) - Повеќе од 1.000 авганистански војници синоќа побегнаа во Таџикистан по судирите со талибанските бунтовници, соопшти таџикистанскиот Комитет за национална безбедност. - Точно 1.037 војници влегоа во Таџикистан по вооружените судири со талибанците, се наведува во соопштението и се додава дека талибанците презеле контрола над шест окрузи во авганистанската провинција Бадакшан, која се граничи со Таџикистан. Неколку стотици авганистански војници веќе ја преминаа границата со Таџикистан порано поради талибанската офанзива во последните неколку недели. Таџикистан дозволува влез на војници од соседната земја во знак на добрососедство и почитување на односот на немешање во внатрешните работи на Авганистан. Откако Вашингтон почна да ги повлекува своите трупи од Авганистан на 1 мај, талибанците ја интензивираа офанзива со цел да преземат контролата врз руралните области на државата. ми/

Остани поврзан