• недела, 28 јули 2024

Над две илјади кумановци се вакцинирале против сезонски грип

Над две илјади кумановци се вакцинирале против сезонски грип

Куманово, 28 ноември 2023 (МИА) - Над две илјади кумановци примиле вакцина против сезонски грип, соопштија денеска од одделението за епидемиологија од центарот за јавно здравје Куманово.

- Вакцините се четиривалентни, наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните претходно аплицирале преку „Мој термин“. Најголем процент се повозрасните граѓани, изјави доктор Едита Рамизи од Центарот за јавно здравје Куманово.

Центарот за јавно здравје обезбеди и комерцијални вакцини и досега според податоците вакцинирани се над 100 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип, објаснуваат кумановските лекари е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, хоспитализација, дури и смрт кај ризичните групи. Докторите препорачуваат дека е важно да се вакцинираат здравствените работници, оние кои имаат контакти со повеќе луѓе, шалтерски работници, вработени во поголеми фабрики.

- Иако не е задолжителна препорачливо е да се вакцинираат лицата. И оваа година имаме особен интерес за вакцинација, сè уште тече процесот на имунизацијата и има лица кои аплицираат во системот, изјави д-р Рамизи.

Во Крива Паланка досега се вакцинирале над 500, додека во Кратово 200.

Од комерцијалните вакцини во центарот се достапни уште 90-тина вакцини.ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан