Надлежни служби работат на откривање и отстранување на проблемот со аерозагадувањето во Куманово
- Надлежните служби од Куманово и државата во соработка со служби од соседна Србија работат на откривање на причините за загадувањето со кое изминативе денови се соочуваат кумановци, особено од
![Надлежни служби работат на откривање и отстранување на проблемот со аерозагадувањето во Куманово](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113151903_big_730x400_99.webp )
Куманово, 6 јуни 2022 (МИА) - Надлежните служби од Куманово и државата во соработка со служби од соседна Србија работат на откривање на причините за загадувањето со кое изминативе денови се соочуваат кумановци, особено од поширокото централно градско подрачје и од населбите Зелен Рид и Карпош.
Секторот за инспекциски надзор од Куманово денеска информира дека инспекторите од соседна Србија ќе проверат од каде потекува загадувањето на воздухот во кумановско. Податоците ќе бидат навремено доставени и надлежните очекуваат брзо надминување на проблемот. Кумановци веќе една недела велат дека воздухот мириса непријатно, на запалена гума.
![бобан бојковски](/articles/images/%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%bb%d1%83%d0/GtPzou8q5/placeholder.webp?use_watermark=0)
![tabanovce 2](/articles/images/%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%bb%d1%83%d0/769e8fakD/placeholder.webp?use_watermark=0)