• вторник, 24 декември 2024

Надлежните да утврдат дали во случајот со набавката на софтвер од Рашковски се прекршени процедурите, порача Арсовски

Надлежните да утврдат дали во случајот со набавката на софтвер од Рашковски се прекршени процедурите, порача Арсовски
Скопје, 22 март 2021 (МИА) - Владата работи по највисоките професионални правни, етички и законски постапки и нема да дозволиме нарушување на ваквите стандарди за отчетност и транспарентност. Затоа веќе упативме повик и ги охрабруваме надлежните интитуции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, станадрди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес. Ова денеска на прес-конференција го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со поранешниот генерален секреатр на Владата Драги Рашковски. - Информации поврзани со набавката Владата веќе сподели неколку пати. Документацијата ќе биде доставена до надлежните институции кои го проверуваат овој случај, рече Арсовски. мд/сп/

Остани поврзан