• четврток, 26 декември 2024

Над карбинското село Радање гори борова шума и сува трева

Над карбинското село Радање гори борова шума и сува трева
Штип, 25 март 2022 (МИА) - Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила. - Станува збор за поголема површина која е зафатена, во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вели Коцев. Пожарот е пријавен од страна на месното население пред еден час и е над селото Радање под планината Плачковица. вдј/мс/

Остани поврзан