• петок, 20 декември 2024
На денешен ден
21 октомври 2022 (МИА)   1422.- Умрел францускиот крал Шарл VI, кој на престолот бил 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но од 1932 година поради неколкуте напади на лудило го добил прекарот „Лудиот Шарл“. Ја предизвикал граѓанската војна во француските покраини Армањак и Бургундија, а во текот на неговото владеење Англичаните во Стогодишната војна, предводени од кралот Хенри I, во 1415 година им нанеле голем пораз на француските трупи во битката кај Азенкур. 1760.- Роден е јапонскиот сликар Кацушика Хокусај, главен претставник на релаизмот во јапонското сликарство. Сликал сцени од секојдневниот живот и предели, вклучувајќи го и познатиот циклус „Триесет погледи на Фуџијама“. 1772.- Роден е англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски книжевни критичари и роматничарски писатели. Под влијание на германската идеалистичка филозофија, застапувал спиритуално и религиозно толкување на животот, наспроти англиската емпиристичка филозофија. Дела: „Кристобела“, „Лирски балади“, „Предавања“. 1790.- Роден е францускиот писател и политичар Алфонс де Ламартин, чија поезија е обоена со песимистичко и религиозно расположение. Во политиката, застапувајќи слободарски идеи, бил активен од 1834 година до државниот удар на Наполеон III во 1851 година. Бил член на привремената влада и министер за надворешни работи на Франција. Со голема слава се стекна со неговата прва збирка песни „Поетски медитации“. Останати дела: „Поетска и религиозна хармонија“, „Жослен“, „Падот на еден ангел“, „Патот кон исток“. 1833.- Во Стокхолм е роден Алфред Нобел, шведски хемичар, пронаоѓач и индустријалец. Во 1867 година го пронашол динамитот, а во 1886 година балиститот, еден од првите барути без чад. Патентирал повеќе од 300 пронајдоци. Од производството на динамитот се збогатил, па со тестамент оставил фонд од 9,2 милиони долари за доделување на Нобеловата награда за вонредни достигнувања на подрачјето на физиката, хемијата, медицината, литературата, за залагањето за мир и за економија. Умрел во Сан Ремо, во Италија, на 10 декември 1896 година. 1912.- Во Унгарија е роден Џорџ Шолти, американски диригент, од унгарско потекло. Се смета за еден од најголемите диригенти во светот во 20. век. Умрел на 5 септември 1997 година. 1917.- Роден е американскиот трубач, пејач, композитор, аранжер и шеф на оркестар Џон Брикс „Дизи“ Гилеспи, еден од најдобрите трубачи и импровизатори во историјата на џезот. Одиграл пресудна улога во создавањето на таканречената би-бап музика. 1941.- Поради загубите што ги претрпеле фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелале околу 7.000 граѓани, меѓу кои имало многу ученици и деца. 1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесле мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани биле повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана била секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација бил воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставиле на располагање на народната власт. Потоа била формирана првата организирана црковна власт, со архиерејско намесништво, а за прв намесник бил поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота-ставрофор Антим Поповски. По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година била отркиена спомен-плоча, на куќата каде се одржал собирот. 1949.- Роден е израелскиот политичар Бењамин Нетањаху, прв премиер на Израел избран на општи избори. На изборите во 1996 година како кандидат на десничарксата партија Ликуд го победил дотогашниот шеф на владата, лабуристот Шимон Перез. Три години подоцна бил поразен од Перезовиот наследник Ехуд Барак. 1990.- Во Струга бил поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“. 1990.- Во селото Опае, Кумановско, била осветена црквата „Свети Ѓорѓи“. 1996.- Рид од јаглена прашина близу рудникот во селото Аберфан во Велс се сруши врз училиште при што биле усмртени 116 ученици и 28 возрасни лица. 1969.- Умрел американскиот писател Жан Луј Керуак, познат како Џек Керуак, најпознат романсиер во британското движење на американските книжевници во педесеттите години од 20. век. Најчести теми во неговите романи се сексот, дрогата, мистицизмот, брзината... Дела: „На патот“, „Доктор Сакс“, „Маги Касиди“, „Ангелите пустошат“, „Сатира во Париз“, „Мексико Сити блуз“, „Химна - Господе моли се за мене“, „Расфрлени песни“, „Осамениот поет“, „Светите книги на златната вечност“. 1984.- Во Париз умрел Франсоа Трифо, еден од најпознатите француски филмски режисери со светска слава. Тој се истакнал како извонреден филмски продуцент, критичар, актер и сценарист. 1994.- САД и Северна Кореја потпишале договор според кој Пјонгјанг требало да ја замрзне а потоа и да ја напушти нуклерната програма. 1995.- Во Дејтон, САД, бил потпишан мировен договор за Босна и Херцеговина. 1997.- Мило Ѓукановиќ бил избран за претседател на Црна Гора. 1999.- Повеќе од 110 луѓе загинале во ракетниот напад на чеченските исламски терористи на пазар во Грозни, главниот град на руската република Чеченија. 2000.- Умрел Александар Ацо Ивановски - Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи кој долгогодишното мајсторство со фотографијата го засведочил на страниците на весникот „Нова Македонија“. Роден бил во Тетово, на 14 март 1921 година. 2002.- Врховниот суд на САД го отфрлил барањето за испитување на уставноста за погубување на луѓето кои имале помалку од 18 години во моментот на извршувањето на кривичните дела за што им била изречена смртна казна. 2007.- Најмалку 17 турски војници и 32 курдски бунтовници загинаа во судир во близина на турско-ирачката граница. 2015.- На 78-годишна возраст во Скопје починала проф. Елка Димитриева, научен советник во пензија на Економскиот институт во Скопје. Елка Димитриева припаѓала на доајените истражувачи на демографската наука во Република Македонија и пошироко. Автор била на бројни научни трудови, стратешки документи и други проекти со кои дала значаен придонес за демографската научна мисла. ###

Остани поврзан