• вторник, 24 декември 2024
На денешен ден
13 јануари 2021 (МИА) 1559.- Елизабета I е крунисана за англиска кралица. 1806.- Во Вршац е роден Јован Стерија Поповиќ, српски писател, комедиограф и еден од првите големи поети на поновата српска литература. Познати се неговите комедии „Лажење и надлажување“, „Покондирена тиква“, „Злобна жена“, „Кир Јања“ и „Родољубци“, романот „Роман без роман“ и збирката поезија „Даворје“. Умрел во Вршац, на 10 март 1856 година. 1854.- По Биртанско-кинеската војна, која на Европјаните им овозможила продор на Далечниот Исток, американски и руски бродови впловиле во пристаништето Урага кај Еда (денешен Токио), каде бил потпишан договор со кој Јапонија ја отворила вратата за американската трговија. 1874.- Воведена бил општа воена обврска во Русија. 1893.- Основана била британската Лабуристичка партија, чиј претседател станал шкотскиот работнички водач Џејмс Кир Харди. 1898.- Францускиот писател Емил Зола го напишал својот најпознат запис „Обвинувам“, а по повод „Драјфусовата афера“. Во писмото до тогашниот претседател на Републиката Феликс Форе, Зола укажал на махинациите на највисоките воени кругови и, убеден во невиноста на осудениот Драјфурс (француски офицер, по потекло Евреин, во 1894 година лажно осуден на доживотна робија за шпионажа во корист на Германија), побарал негово ослободување. 1906.- Умрел рускиот физичар и електроинжењер Александар Степанович Попов, кој ја пронашол и ја воспоставил првата радиотелеграфска врска. Го направил првиот радио приемник, пред италијанскиот пронаоѓач Маркони. 1915.- Централна Италија ја зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале околу 30.000 луѓе. 1917.- Во Велика Британија стапил во сила нов изборен закон според кој жените биле изедначени во политичките права со мажите. 1920.- Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација научните истражувања во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умрел на 2 јули 1989 година. 1941.- Во Цирих умрел Џејм Џојс, ирски писател, еден од основоположниците на современиот роман, новатор на раскажувачките форми и предвесник на модерниот израз. Најпознато негово дело е „Улис“, а а ги напишал и „Камерна музика“, „Деблинци“ и други. Роден е во Даблин, на 2 февруари 1882 година. 1948.- Во селото В`мбел, Костурско, Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците од Егејска Македонија го одржал својот прв конгрес на кој се резимирани постигнатите резултати во тригодишната дејност и тригодишната оружена борба на македонскиот народ за опстанок, за национални и социјални права и слобода и се дадени насоки за натамошно дејствување. 1972.- Војската во Гана ја соборила цивилната влада на претседателот Едвард Акуф Ад, а власта ја презел полковникот Игнациус Ачемпонг. 1977.- Во Париз умрел Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист. Најпознати негови филмови се "Убиецот живее во бр. 21", "Кеј Орфевр", "Надница за страв" и "Мистеријата Пикасо". Добитник бил на "Златна палма" за режија на фимслиот фестивал во Кан, во 1956 година. Роден бил во 1907 година. 1985.- При падот на воз во бездна, околу 250 километри источно од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, загинале најмалку 428 патници. 1994.- Во Скопје умрел Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на народна музика. Роден бил во 1934 година. 2000.- Бил Гејтс, коосновачот на „Мајкрософт“ и фоцијално најбогатиот човек во светот, му ја препуштил функцијата извршен директор на компанијата на „бројот два“ Стив Балмер. 2001.- Во земјотресот со епицентар во близина на Сан Салвадор, главниот град на централоамериканската држава Ел Салвадор, загинале најмлаку 725 луѓе. 2019.- По кратко боледување, во 71-та година од животот почина Душан Шуица, некогашниот фудбалер на скопски Вардар. Шуица родум од Липјан, Косово, својата кариера ја започна во родното место, а преку Приштина и Раднички Крагуевац, во 1973-тата година дојде во редовите на Вардар. Црвено-црниот вардаров дрес го носеше четири сезони до 1977 година, период во кој за Вардар настапи на 85 натпревари и постигна вкупно 26 голови во тогашната Прва Сојузна лига на Југославија. Со своите голгетерските способности, Шуица многумина го споредуваа со легендарниот германски репрезентативец Герт Милер, а во 1974-тата и 1976-тата година беше и прв стрелец на Вардар. ###  

Остани поврзан