• сабота, 16 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
3 април 2021 (МИА) 1367.- Роден е англискиот крал Хенри Четврти, основач на Ланкастерската династија. На престолот дошол во 1399 година, исфрлајќи го Ричард Втори, кој во 1400 година под мистериозни околности умрел во заложништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето до смртта во 1413 година, Хенри Четврти ги задуши силните бунтови на Велшаните и приврзаниците на Ричард Втори. 1512.- Турскиот султан Бајазит Втори абдицирал во корист на синот Селим Први. 1789.- Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положил заклетва и така станал прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент. 1849.- Умрел полскиот писател Јулиус Словацки, творец на полскиот романтичарски театар, мајстор на јазикот и формата. Дела: збирка песни „Поезија“, поемите „Ангели“, „Во Швајцарија“, „Бењовски“, „Крал - Дух“, драмите „Кордијан“, „Фантази“, „Мазепа“, „Миндова“, „Марија Стјуарт“, „Хорштињски“, трагедиите „Баладина“, „Лила Венеда“. 1893.- Роден е англискиот театарски и филмски актер и режисер Лесли Хауард, познат по исклучиво суптилните рољи. Во Втората светска војна, во 1943 година загинал како двојник на британскиот премиер Винстон Черчил, кога Германците врз Бискајскиот Залив го собориле авионот во кој бил тој, верувајќи дека премиерот е во авионот. Филмови: „Ромео и Јулија“, „Пигмалион“, „Однесено со виорот“, „Интермецо“. 1897.- Во Виена умрел Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент, еден од најголемите композитори во светот. Компонирал симфонии, клавирски концерти, камерна музика, а особено се истакнал со компонирање соло песни. Роден бил во Хамбург, на 7 мај 1833 година. 1922.- Новиот Централен комитет за генерален секретар на Комунистичката партија на Русија го назначил Сталин. 1924.- Роден е американскиот актер Марлон Брандо, кој кариерата ја почнал во театрите на Бродвеј, но светската слава му ја донесоа филмските улоги на „младите гневни луѓе“ во 50-те години на 20 век. Награден е со Оскар за главната улога во филмот „На пристаништата на Њујорк“. Во 1973 година тој одбил да го прими Оскарот за главната улога филмот „Кум“, протестирајќи против политиката на владата на САД кон Индијанците.  Играл во филмовите „Трамвајот наречен желба“, „Јулиј Цезар“, „Млади лавови“, „Едноокиот Џек“, „Бунтот на бродот Баунти“, „Грофицата од Хонгконг“, „Последното танго во Париз“, „Апокалипса сега“ и други. 1930.- Роден е германскиот државник Хелмут Кол, канцелар на Западна Германија од 1982 година и канцелар на Германија после обединувањето на Западна и Источна Германија во 1990 година. 1936.- Погубен бил Бруно Хауптман, киднапер и убиец на синот на американскиот пилот Чарлс Линдберг, првиот човек кој сам го прелетал Атлантскиот Океан. Киднапирањето и убиството во јавноста во САД предизвикале голема огорченост, поради што бил донесен посебен закон за киднапирање со кој за вакво злосторство била воведена смртната казна. И денес има мислења дека Хауптман бил невин. 1945.- Во Скопје, со изведувањето на претставата "Платон Кречет" од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почнал континуирано да работи Македонскиот народен театар. 1948.- Претседателот на САД, Хари Труман го потпишал „Маршаловиот план“, одобрувајќи финансиска помош во висина од шест милијарди долари на некои европски земји уништени во Втората светска војна. 1975.- Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов станал 12-те светски првак во шах, откако дотогашниот првак, американскиот велемајстор Боби Фишер демонстративно ги одбил условите на Меѓународната шаховска организација за средба за светската титула. Фишер потоа ја напуштил шаховската сцена и привремено се вратил дури во 1992 година. 1991.- Советот за безбедност на Обединетите нации изгласал Резолуција за прекин на огнот во Заливската војна, наложил распоредување на мировни сили во регионот и побарал од Ирак да го уништи оружјето за масовно уништување. 1991.- Умрел англискиот писател Греам Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Суштината на работите“, „Кралот на љубовта“, „Комедијанти“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Министерство за страв“, „Третиот човек“, мемоарите „Некој вид живот“, „Начини на бегства“, драми, есеи, патописи. 1996.- Во авионска несреќа што се случила на еден рид кај Цавтат (Црна Гора) загинал министерот за трговија на САД, Роналд Браун. Урнувањето на авионот „Боинг-737“, кој летал на линијата Тузла-Дубровник не го преживеале никој од 35-те членови на екипажот и патниците меѓу кои и 12 службеници на американската Влада, 12 американски бизнисмени, функционер на Европската банка за развој, уредник на „Њујорк тајмс“, хрватски преведувач и фоторепортер. 2008.- Кипарските Грци и Турци ги отстраниле барикадите и ја отвориле улицата „Ледра“ во Никозија, која со децении ги одвојувала етничките заедници и била симбол на повеќегодишната подвоеност на Кипар. На церемонијата на отворањето на 80 метри долгата улица присуствувале претставници на Обединетите нации во Кипар, како и лидерите на кипарските Грци и Турци. Кипар бил поделен во 1974 година, по инвазијата на турската војска на север од островот, со цел да спречи припојување на Кипар кон Грција. 2008.- Хашкиот трибунал го ослободил од обвинението за злосторство против човештвото и кршење на законите во војна Рамуш Харадинај, еден од командантите на ОВК. Судскиот совет оценил дека Харадинај не е виновен по ниедна точка на обвинението. 2011.- Во Тирана умрел хаџи деде Решат Барди, прв човек на Бектешката заедница на Албанија и поглавар на Светската бектешка заедница. Барди долги години бил на чело на заедницата и уживал голема почит меѓу припадниците на другите верски заедници. Роден бил во селото Лусен кај Кукс на 4 март 1935 година. Баба (татко) Реџеп, како што го викале во Албанија, учествувал на Меѓународната меѓурелигиска конференција во Охрид. ###

Остани поврзан