• четврток, 19 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
30 ноември 2020 (МИА) 1508.- Роден е италијанскиот архитект Андреа Паладио. Тој развил модерен стил засновен врз класичните принципи на римското градежништво и бил еден од најзначајните претставници на доцната ренесанса. Се одликувал со извонредна смисла за монументално и функционално градење. Градел цркви, палати, вили, воени објекти, паркови и други урбанистички целини, а најмногу во Винченца и во Венеција, вклучувајќи ја и прочуената вила Ротонд кај Винченца и црквата Ротендор во Венеција. Теориските ставови ги објавил во делото „Четири книги за архитектурата“. 1667.- Во Даблин е роден Џонатан Свифт, најголем англиски сатиричар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. Негови познати дела се романот „Гуливеровите патувања“, „Битка на книги“ и „Приказна за бурето“. Умрел во Даблин, на 19 октомри 1745 година. 1718.- Загинал шведскиот крал Карл XII при опсадата на Фредрикш на почетокот на шведската инвазија на Норвешка. Во текот на владеењето од 1697 година се посветил главно на војувањето. 1835.- Роден е Марк Твен, голем американски писател, хуморист и новинар. Неговото книжевно дело е големо. Меѓу најдобрите дела се оние со тематика од животот крај реката Мисисипи и на нејзините брегови. Негови најпреведувани дела се: „Доживувањата на Том Соер“, „Доживувањата на Хаклбери Фин“ и „Животот на Мисисипи“. Умрел на 21 април 1910 година. 1853.- Русија во Кримската војна ја уништила турската флота пред црноморското пристаниште Синопе. 1872.- Во Глазгов бил одигран првиот меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Англија и Шкотска, кој завршил со резултат 0:0. 1874.- Роден е Винстон Леонард Спенсер Черчил, британски државник и писател. Како офицер се борел од 1897 до 1898 година во колониите (Индија, Судан), потоа станал државен потсекретар на колониите, министер за трговија и за внатрешни работи и прв лорд на Адмиралитетот. Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, бил претседател на владата и водач на Конзервативната партија. Заедно со Сталин и Рузвелт дал решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската. Негови познати дека се: „Втората светска војна“, „Моето африканско патување“, „Историја на светската војна“, и други. Во 1953 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел на 24 октомври 1965 година. 1894.- Македонскиот револуционер Гоце Делчев (лично од Даме Груев) бил примен за член на ВМРО. 1939.- Стрелан е унгарскиот револуционер Бела Кун, водач на Унгарската револуција во 1919 година. 1939.- Повеќе од 20 советски дивизии го започнале нападот врз Финска „змиска војна“, кој завршила со мировен договор во март 1940 година. Со мировниот договор Финска била принудена да се откаже од градот Виборг. 1966.- Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години бил британска колонија, прогласил независност. 1971.- Советската автоматска станица „Марс-2“ влегла во орбитата околу Марс и на неговата површина спуштила посебна капсула со советско знаме. 1975.- Африканската земја Дахомеј го променила името во Бенин. До 1960 година била составен дел на Француска Западна Африка, а потоа станала незавизна. 1986.- Умрел американскиот филмски актер од англиско потекло Кери Гранд, кој се истакнал како блескав комичар во комедиите на Хаурад Хокс, но и како толкувач на карактерни улоги во филмовите на Алфред Хичкок. Филмови: „Страотна вистина“, „Само ангелите имаат крилја“, „Филаделфиска приказна“, „Арсеникот и старите чипки“, „Осомничен“, „Ден и ноќ“, „Мајмунски работи“, „Север-северозапад“. 1996.- Владата и бунтовниците во африканската земја Сиера Леоне потпишале договор за крај на шестгодишната граѓанска војна. 1998.- Собранието на Република Македонија ја избрало новата Влада на Република Македонија на чело со премиерот Љубчо Георгиевски. 2000.- Претседателот на Собранието на Република Македонија Саво Климовски поднесол оставка на оваа функција, а за претседател на Собранието на Република Македонија бил избран Стојан Андов. 2002.- Турција после 15 години ја укинала вонредната состојба во југоситочниот дел на земјата, каде во текот на курдската буна загинале најмалку 30.000 луѓе, меѓу кои голем број цивили. 2004.- Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Република Бенин и Буркина Фасо. 2007.- При падот на патничкиот авион на приватната турска компаија „Атлас Џетер“ загинле 56 патници од кои седуммина биле членови на екипажот. Авионот се урнал во планините во близина на градот Испарт, околу 150 километри северно од познатиот туристички центар Анталија, на југот на Турција. Авионот полетал од Истанбул а исчезнал од радарските екрани непосредно пред слетувањето на аеродромот „Сулејман Демирел“ во Испарт. 2016.- Творецот на познатиот сендвич „биг мек“ Џим Делигати, почина во 98. година од животот. Популарниот сендвич првпат се појави на менито на синџирот ресторани во Питсбург, со кој раководел Делигати. Откако постигна успех на локално ниво, директорите на Мекдоналдс ја презедоа идејата и го претставија „биг мек“ на целата територија на САД во 1968 година. 2018.- Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот почина на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Џорџ Буш постариот беше 41. претседател на САД. За време на неговото владеење меѓу 1989 и 1993 година заврши Студената војна. Ве негово време беше изведена воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател Садам Хусеин. Буш беше претседател во еден мандат. На изборите во 1992 година беше поразен од демократот Бил Клинтон. Џорџ Буш постариот беше ветеран од Втората светска војна, конгресмен од Тексас, директор на ЦИА и потпретседател на Роналд Реган. Неговиот син Џорџ Буш помладиот беше 43-от претседател на САД, а другиот негов син Џеб Буш беше гувернер на Флорида. Во последните години, тој страдаше од Паркинсонова болест. За време на неговото владеење се случи падот на Берлинскиот ѕид, падот на СССР и Варшавскиот пакт. Во 1989 година Буш постариот даде наредба за воен упад во Панама, а во 1991 година, кога Ирак одби да ги повелече своите сили од Кувајт, ја нареди операцијата „Пустинска бура”. Буш постариот одржа седум средби со шефовите на СССР и Русија Михаил Горбачов и Борис Елцин, како резултат на што беа потпишани два договора за намалување и ограничување на стратегиското  вооружување (СНВ-1 и СНВ-2). ###  

Остани поврзан