• понеделник, 23 декември 2024
На денешен ден
9 јули 2022 (МИА)   - Меѓународен ден на уништување на оружјето. 1441.- Умрел фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден од најголемите европски сликари во 15. век, родоначелник на ренесансното реалистичко сликарство во северна Европа, творец на фламанската сликарска школа. 1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се истоварил на Мексиканскиот Залив, каде го основал градот Вера Круз и започнал со освојувањето на Мексико, кое завршило во 1521 година со уништување на царството на Асцтеките. 1762.- Рускиот цар Петар трети Фјодорович Романов, од германско потекло, абдицирал иако владееше само неколку месеци. 1816.- Аргентина добила независност. Била шпанска колонија од 1536 година. - Национален празник на Аргентина. 1850.- Роден е Иван Вазов, бугарски писател, истакнат драматург, публицист, литературен критичар и општественик. Автор е на романот „Под игото“, како и на поетските книги „Прапорец и гусла“, „Мајска китка“, „Под нашето небо“, „Песни за Македонија“ и „Нема да загине“. Умрел во 1921 година. 1873.- Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун била воспоставена првата железничка врска. 1877.- Во Вимблдон почнал првиот тениски турнир. 1879.- Роден е Оторино Респиги, италијански композитор, диригент, педагог, виолинист и пијанист. Познати се неговите оркестарски суити „Птици“, и „Ботичелијански триптих“, симфониската поема „Римските фонтани“, операта „Потопеното ѕвоно“ и „Пламен“. Умрел на 18 април 1936 година. 1916.- Роден е англискиот државник Едвард Хид, водач на Конзервативната партија од 1965 до 1975 година. Како премиер на Велика Британија од 1970 до 1974 година ја вовел земјата во Европската економска заедница (сегашна Европска унија). 1922.- Американецот Џони Вајсмилер препливал 100 метри за 58,6 секунди, станувајќи првиот човек на кого му требала помалку од една минута за овој чин. 1932.- Умрел американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет изумител на ножот за бричење - кај нас познат како „жилет“. 1942.- Во Скопје, во Обласната полициска управа, бугарските фашисти го убиле Цветан Димов, народен херој на Македонија. Роден бил во Скопје, на 5 март 1909 година. 1943.- Кај селото Врбница, во близина на Фоча, во Босна, четниците го стрелале Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. Автор е на поемата „Јама“. Роден бил во Луковдол, Горски Котор, на 21 март 1913 година. 1944.- Кај селото Татар Елевци, во близина на Дебар, во борба против Германците и балистите загинал Панче Поповски, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден бил во Гостивар, на 9 март 1924 година. 1960.- Советскиот лидер Никита Хрушчов ги предупредил САД да не интервенираат против Куба, бидејќи во тој случај советските сили ќе го поддржат кубанскиот народ. 1992.- Во Скопје, умре Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник бил во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. Роден бил во Марибор, на 6 јуни 1898 година. 1993.- Британските научници ги идентификувале коските на рускиот цар Николај Втори и членовите на неговото семејство, кои болшевиците по надредба на Ленин во 1918 година ги масакрирале во Екатеринбург. 1997.- Специјалната полиција на Република Македонија извеле акција со која од собранијата на Гостивар и на Тетово биле симнати знамињата на Албанија и на Турција. 1997.- Националната валута – денарот, девалвирал за 16,1 отсто. 2006.- Најмалку 127 луѓе загинале во несреќата на авион на руската компанија „Сибир“ кој летал од Москва во сибирскиот град Иркутск. Несреќата на авионот од типот „ербас А-310“ ја преживеале 72 патника. Несреќата се случила при слетувањето на аеродромот во Иркутск, 5.200 километри источно од Москва кога авионот силно удрил во пистата и во зградата пред аеродромот.   ###

Остани поврзан