• среда, 25 декември 2024

На денешен ден

На денешен ден
20 септември 2021 (МИА) 331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија. 480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците под команда на атинскиот војсководец Темискот ги поразија Персијанците кои ги предводеше кралот Ксеркс I, со што Атина ја осигура превласта на морето. 1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргна на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 520 година ги испита југоисточните брегови на Јужна Америка и го откри според него наречениот Магеланов Проток, а преку него помина во океанот кој го нарече Тихи (Пацифик). Загина на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се врати во Шпанија. Така беше докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги откри Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент. 1520.- Сулејман Величествениот стапи на турскиот престол по смртта на татка си Селим Први. 1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Ил Сецоло“ и претседател на Интернационалниот конгрес за мир во Милано во 1906 година. 1842.- Роден е шкотскиот хемичар и физичар Џејмс Дјуер, пронаоѓач на термос-боците. 1863.- Во Берлин умре Јакоб Грим, германски филолог, библиотекар во Касел, академик и професор во Берлин. Основач е на современата германистика. Ја проучуваше историјата на старите книжевности, проблемите на митовите, сказните и преданијата. Заедно со својот брат Вилхем издаваше германски народни бајки. Најпознати му се делата „Германска граматика“, „Историја на германскиот јазик“, „Германска митологија“ и други. Роден е во Хан, на 4 јануари 1785 година. 1870.- Силите на италијанскиот крал Виториј Емануел II го презедоа Рим од Французите. Тогаш кралот ја соопшти намерата Рим да се прогласи за италијанска престолнина. 1878.- Роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“ и други. Умре 26 ноември 1968 година. 1905.- Во Загреб умре Вјенцислав Новак, еден од најплодните хрватски писатели, музичар и композитор, по потекло Чех. Најпознати негови дела се „Тито Дорчиќ“, „Последните Стипанчиќи“, „Два света“ и други. Роден е во Сењ, на 1 септември 1859 година. 1934.- Родена е италијанската филмска глумица Софија Шиколоне, попозната како Софија Лорен. Како медиумски продукт на продуцентот и нејзин сопруг Карло Понто, стана светска ѕвезда. 1948.- Во Софија умре Лука Џеров, македонски учител, револуционер и војвода. Учесник е во Илинденското востание 1903 година и борец против врховистичките предавници на македонското дело. Роден е во Битола, во 1870 година. 1957.- Умре Јан Сибелиус, фински композитор, романтичар. Неговиот оригинален стил е сосема близок на финскиот музички фолклор. Роден е на 8 декември 1865 година. 1963.- Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината. 1970.- Во Балтимор, САД, умре Џон Дос Пасос, северноамерикански писател на општествени романи. Роден е во 1896 година. 1970.- Во Париз умре Бурвил (вистинското име му е Андре Рембург), француски филмски и оперски артист и комичар. Роден е во 1917 година. 1970.- Советскиот вселенски брод „Луна 16“ се спушти на Месечината поради земање делови од тлото на Земјиниот сателит. 1976.- По цели 40 години на власт шведската Социјалистичка партија е поразена на парламентарните избори. 1977.- Виетнам и Џибути се примени во Обединетите нации. 1979.- Владетелот на Централноафирканското царство Жан Бедел Босак го собори неговиот роднина, бившиот претседател Давид Дако и ја врати земјата со статус република. Босак во 1965 година со воен удар го турна Дако, а во 1976 година ја укина републиката и се прогласи за цар. Запаметен е по големата екстравагантност, расипништво и по жестоките злостори врз сопствениот народ. 1981.- Централноафриканската држава Белизе на брегот на Карипското Море (поранешниот Британски Хондурас) се стекна со независност од Велика Британија. 1984.- Во дворот на амбасадата на САД во Бејрут упадна исламски терорист-самоубиец со камион со големо количество експлозив при што усмрти 40 лица. 1989.- Фредерик Вилем де Клерк ја презеде должноста претседател на Јужна Африка. 1990.- Парламентите на Источна и Западна Германија го потврдија договорот за нивно обединување во една држава. 1990.- Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уставот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава. 1993.- Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и природата „Патот на розата“. 1995.- Премиерот на Турција Тансу Чилер беше принудена да поднесе оставка бидејќи од владата се повлече коалиционата партија која и порача дека не е прифатлива цената која заради нејзината политика мораат да ја плаќаат турските граѓани. 1998.- Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите раскази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година. 1998.- Во Прилеп умре д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Покрај другите трудови, автор е на книгата „Средновековното културно богатство на Република Македонија“. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година. 2000.- Умре советскиот космонаут од руско потекло Герман Титов, вториот човек кој летал во вселената. Титов во август 1961 година, во вселенскиот брод „Восток 2“, помина 25 часа во вселената, обиколувајќи ја Земјата 17 пати. За неговите заслуги доби најмногу државни награди и стана херој на СССР. 2004.- САД официјално го укинаа трговското ембарго против Либија воведено во 1986 година. 2005.- Во Виена умре Симон Визентал, Евреин, ловец на нацистичките злосторници, меѓу кои и на мозокот на планот „Конечно решение“ Адолф Ајхман. Роден е во 1909 година. 2006.- Умре шведскиот филмски снимател Свен Никвист, близок соработник на Ингмар Бергман. Никвист е добитник на два Оскара за филмовите „Крици и шепотења“ (1973) и „Фани и Александар“ (1982), и двата во режија на Бергман. ###

Остани поврзан