• четврток, 26 декември 2024

Надворешната политика и иселувањето во фокусот на претпоследната дебата меѓу Милановиќ и Грабар-Китаровиќ

Надворешната политика и иселувањето во фокусот на претпоследната дебата меѓу Милановиќ и Грабар-Китаровиќ
Загреб, 2 јануари 2020 (МИА) - Економијата, надворешната политика и иселувањето на младите е во фокусот на претпоследниот ТВ дуел на кандидатите за претседател на Хрватска Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ. Двајцата имаат различно мислење речиси за сите теми, а често меѓусебно се обвинуваа за состојбите во Хрватска. На прашање кој е најголемиот стратешки партнер на Хрватска Грабар-Китаровиќ изјави дека тоа се Соединетите Американски Држави, а Милановиќ кажа дека според него тоа дефинитивно е Германија и Европската Унија, јави дописникот на МИА од Загреб. Кандидатите ги соочија аргументите за аферата со приватизацијата на нафтената компанија “ИНА” и за тоа дали хрватските автопати треба да останат во сопственост на државата. Грабар-Китаровиќ го обвини Милановиќ дека додека бил премиер ги расипал односите со соседните земји, пред се, со Србија и Словенија, а тој и замери на Грабар-Китаровиќ дека воопшто не се бори и не ја коментира големата корупција во Хрватска. Милановиќ кажа дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за повлекување на хрватските војници од Авганистан, додека Грабар-Китаровиќ кажа дека за тоа ќе се консултира со сојузниците од НАТО. Последниот дуел ќе се одржи на НОВА ТВ, а предизборните анкетите покажуваат прилично изедначен рејтинг на двајцата кандидати. Локалните медиуми пишуваат дека со ваков однос на силите, секој глас може да биде одлучувачки. ав/сд/

Остани поврзан